"Стоби" отвори најуникатен барик-оддел на Балканот

Bez autora
Oct 17 2011

Со површина од 700 квадратни метри, капацитет од 300.000 литри и дабовите буриња и бочви од реномирани француски компании Сежин Моро" и Тонел Барон", го прават барик-одделот на винаријата Стоби" најуникатен на Балканот. Лоциран во живописните предели на Градско, објектот во саботата беше спектакуларно отворен во присуство на претставници на локалната власт, надлежните министерства, стопанскиот живот на земјава, бројни бизнис-партнери, дипломатскиот кор и други пријатели. Во овој софистициран простор виното на компанијата ќе одлежува во дабови бочви и буриња. Станува збор за две третини големи дабови бочви со различен волумен и една третина класични дабови буриња од 225 литри. Освен што се произведени од двете споменати француски фирми, сите дабови буриња се монтирани на OXO LINE структура, што овозможува одржување максимална хигиена. За да одржува постојана температура и влажност на воздухот, целиот барик-оддел е вкопан во земја.

"Стоби" отвори најуникатен барик-оддел на БалканотСо површина од 700 квадратни метри, капацитет од 300.000 литри и дабовите буриња и бочви од реномирани француски компании Сежин Моро" и Тонел Барон", го прават барик-одделот на винаријата Стоби" најуникатен на Балканот.

Лоциран во живописните предели на Градско, објектот во саботата беше спектакуларно отворен во присуство на претставници на локалната власт, надлежните министерства, стопанскиот живот на земјава, бројни бизнис-партнери, дипломатскиот кор и други пријатели.

Во овој софистициран простор виното на компанијата ќе одлежува во дабови бочви и буриња. Станува збор за две третини големи дабови бочви со различен волумен и една третина класични дабови буриња од 225 литри. Освен што се произведени од двете споменати француски фирми, сите дабови буриња се монтирани на OXO LINE структура, што овозможува одржување максимална хигиена. За да одржува постојана температура и влажност на воздухот, целиот барик-оддел е вкопан во земја.

Во рамките на барик-одделот ќе функционираат и енотека и винска архива. Токму во неа компанијата Стоби" ќе ги чува најдобрите вина од својата производна линија. Објектот вклучува и сала за дегустација со капацитет од околу 50 луѓе. Во барик-одделот е поставено спектакуларно осветлување, за кое што беше ангажирана италијанската компанија Делта груп".

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik